Mинистерот за локална самоуправа Горан Милевски најави дека се воведува нова категорија- урбани подрачја, а тоа се општините и градот Скопје.
– Тоа значи дека покрај проектите за развој на планските региони, за развој на селата и за развој на подрачјата со специфични развојни потреби ќе се финансираат и проекти за развој на урбани подрачја за кои што ќе можат да аплицираат општините со седиште во град. Овие општини за разлика од руралните имаа свои специфичности, кои што согласно и со ЕУ регулативата треба дополнително да бидат подржани. Во изборот на проекти кои што ќе бидат финансирани со средства од Буџетот на Министерството и на Бирото задолжително ќе бидат вклучени и граѓаните преку организирање на Форуми во заедниците, додаде министерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.