Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, денеска на својата прес конференција презентирајќи ја својата визија за Скопје истакна дека преку настани и фестивали Скопје повторно ќе стане град на културата, но и обезбедување на младински центри во сите општини. Живописно Скопје за да бидеме Европски главен град на културата.
Скопје мора да ја заживее културната сцена, поддршка за независните уметници и музичари и реновирање на нашата културна инфраструктура се основи за да го направиме Скопје центар на културата повторно. Скопје ќе биде град на фестивали со возобновување на традиционалните, но и со воведување нови, точно 12 големи фестивали годишно, по еден секој месец, Скопје ќе биде град на културата. Со специјална програма за ревитализација, Старата Чаршија ќе го врати својот сјај, објасни таа.
Арсовска истакна во својата програма како приоритет ќе биде обезбедување на пристап за лица со попреченост во сите јавни канцеларии и објекти и зголемување на бројот на социјални работници во училиштата.
Солидарно Скопје е град што се грижи за сите свои граѓани. Во нашето Скопје никој не смее да остане препуштен сам на себе и секој граѓанин мора да има еднакви шанси и ист квалитет на услуги. Градот Скопје ќе воспостави услуга за испорака и помош за стари и изнемоштени лица и за лица со инвалидитет и ограничена подвижност. Во сите јавни канцеларии и објекти ќе се обезбеди пристап за лицата со попречености. За младите ќе обезбедиме младински центри во сите општини и ќе го зголемиме бројот на социјални работници во училиштата. За жените ќе изградиме безбедни куќи и ќе воспоставиме специјална апликација за да повикаат помош и да добијат итна поддршка во случај на семејно насилство, вети Арсовска.
Арсовска вети дека Скопје ќе биде град на иднината и град за сите скопјани. Ќе го промениме Скопје во град на иднината. Иднината подразбира силни инвестиции во образованието на младите, а ние ќе овозможиме нова гимназија, нови објекти за постоечките средни стручни училишта, нова библиотека и читални. Таа иднина се гради и со вложување во спортот и здравиот живот, објасни Арсовска.
Скопје е повеќе од центарот на градот – Скопје е еден град за сите, рече Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.