Уште еден независен кандидат за градоначалник на Град Скопје ја почна процедурата за собирање на потписи, која завршува на 31 август. Иако според податоците од Државната изборна комисија сè уште не ги собрал потребните потписи, многу е извесно дека поранешниот пратеник од коалицијата на СДСМ, инаку некогаш и висок фунционер во НСДП, Љубомир Јосифовски ќе биде еден од кандидатите за татко на градот.
Потписи собира и претседателката на Сојузот за стопански комори Данела Арсовска, а процедурата ја заврши Ана Петровска од инцијативата Скопје ЗХГ.
Сè уште е неизвесно дали Петар Георгиевски Камиказа ќе собора потписи или ќе се кандидира како партиски кандидат за Левица, додека на Петре Шилегов не му требаат потписи бидејќи тој ќе биде партиски кандидат на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.