Мерната станица во Лисиче уште од 17 часот покажува енормна загаденост на воздухот, а истата се повеќе расте со секој поминат час. Нивото на канцерогени ПМ 10 честички во воздухот во Аеродром е и до 4-5 пати поголема од максимално дозволената граница. Марин потфрли, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Според нив, Скопје буквално се гуши, а зимата не е ниту почната.

И сето ова се случува на намален и редуциран градски превоз и намален проток на луѓе. Можеме да замислиме што ќе се случува во текот на зимскиот период. Петре Шилегов и Златко Марин кои се најповикани да се справуваат со проблемот со загадувањето на воздухот не направија ништо за да го подобри квалитетот на воздухот, се вели во соопштението.

Според советничката група, двајцата градоначалници три години го преспале мандатот без ниту еден проект.

Нема нови зелени површини, нема нови инвестиции во енергетско ефикасни објекти нема буквално ништо во насока на подобрување на животната средина. Се што прават Шилегов и Марин е расфрлање со парите на скопјани на скапи журки и новогодишни украси, се вели во дописот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.