Предвремено родените бебиња на одделот за Интензивна нега на Клиниката за гинекологија денеска добија нови волнени капчиња и чорапи сплетени од рацете на вредната скопјанка Муши Амет Халил. Оваа жена девет години по ред им носи подароци на најмалите пациенти на Гинекологија кои се во инкубатор и кои секогаш мора да носат капчиња и чорапчиња бидејќи нивниот систем за термоrерулација не функционира добро.
-Ова е добротворна акција за децата во инкубарот, многу сум среќна, тоа ме исполнува, апелирам до сите кои имаат повеќе време да го направат истото за да им помогнеме на предвремено родените бебиња – вели Муши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.