Попладнево скопјани се вознемирија од силниот звук и татнежи. Но, како и секоја година, така и оваа Армијата на Република Македонија согласно Правилото за воен протокол во АРМ, а во врска со одбележувањето на 18 Август – Денот на македонската армија, денеска во Скопје изведе две артилериски стрелби.
Како што утрово соопшти РЦУК-Скопје, во време од 15 до 18 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со истрел од еден плотун од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм), а во време од 19:00 до 19:30 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрел од 10 плотуни од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм.)
Артилериската стрелба ќе се изврши од касарната „Илинден“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.