Во Скопје летните температури ги предизвикуваат старите проблеми. Имено скопјани секојдневно мачат исти маки, особено оние кои постојано го користат јавниот превоз, пишува Скопје инфо.
Иста приказна како и секое лето, велат патниците. Во некои автобуси на градските линии нема клима, па присилени се да се печат во затворен простор во преполн автобус во кој не може ни да се дише. Нема клима, а не се отвораат ниту прозорците. Сауна на четири тркала, вака патниците го оппишуваат јавниот превоз во летните денови.
Додека патниците постојано се жалат, од ЈСП Скопје велат дека 90 отсто од возилата кои се пуштаат во сообраќај имале исправна клима, само дека истата не се забележува. Се чуваствува само на вториот кат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.