Речи си две третини од граѓани сметаат дека Македонија нема соодветен пристап во справувањето со загадувањето на воздухот, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 62,6% од граѓаните се на став дека земјава нема соодветен пристап во борбата со загадувањето, додека 18,1% се со спротивно мислење.
Споредбата со истражувањето кое ИПИС за Детектор го спроведе во јануари минатата година, покажува дека перцепцијата на граѓаните се влошила. Ако лани во истиот период 26,7% сметале дека земјава има соодветен пристап во справувањето со загадувањето, сега тој процент на граѓани паднал на 18,1%. За сметка на тоа, се зголемил бројот на граѓани кои сметаат дека Македонија несоодветно се справува со загадувањето. Од 58,7% во јануари минатата година, бројот на граѓани кои сметаат дека Македонија нема соодветен пристап за справување со загадениот воздух се зголемил на 62,6%.
Во Скопје, еден од најзагадените градови во Македонија уште поголем процент на граѓани се убедени дека државата не знае да се справи со загадувањето. Анкетата покажува дека 78% од граѓаните од Скопје сметаат дека државата нема соодветен пристап во борбата со загадувањето, додека 11,4% имаат спротивен став.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.