Попладнево сообраќајот во Скопје е блокиран.
Редици автомобили го затнаа центарот на градот во критичните часови кога граѓаните си заминуваат од работа, при што за растојанија што вообичаено се минуваат за 5, до 10 минути, потребен е цел час.
Верижниот судар кај Мавровка попладнево, дополнително ја влоши состојбата на и онака густиот сообраќаен метеж.
Од ЈП „Улици и патишта“, кое е надлежно за работата и одржувањето на крстосниците, велат дека Министерството за внатрешни работи (МВР) пред три часа без никаква најава ги исклучило семафорите и не знаат за што станува збор ниту пак кога пак ќе проработат, пишува СДК.МК.
Знаеме дека цело Скопје е вистински хаос. Не е блокиран само центарот туку гужва има од Карпош до Драчево. Колите не мрдаат, не можат да се пропуштат ниту возила на Брза помош, па со пациенти стојат заглавени во гужвата, велат од ЈП „Улици и патишта“.
Од МВР велат дека семафорите се исклучени и на секоја крстосница има полиција за да се воведе поголема проточност на возилата во сообраќајот. Од таму велат дека гужви низ центарот на Скопје има постојано во шпицевите, а денеска поради дождот има поголем број возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.