На национално ниво, според податоците на Еуростат, трошиме 118,2 кубни метри вода по глава на жител, што нè прави рекордери во регионот. Македонците на годишно ниво трошат повеќе вода од жителите на Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Косово заедно.
Од регионот следни по потрошувачка на вода се Грците со 94 кубни метри по глава на жител, Србите со 44,6, Словенија со 38,1, Бугарија со 35,9, Турците со 32,2 , Босна и Херцеговина 28,5 кубни метри и Косово 28,4 кубни метри вода.
Состојбата со водата како ресурс во Европа според податоците на Еуростат од 2017 година се проценува како одржлива на долг рок за поголемиот дел од континентот. Сепак, специфични региони може да се соочат со недостиг на вода, особено јужните делови од континентот.
Според податоците на Еуростат за потрошувачката на вода од јавните водоводни системи по глава на жител, најмногу 94 кубни метри на годишно ниво трошат Грците, а најмалку Романците со 25,1 кубни метри вода годишно.
По Грција следуваат Кипар со 91,7 кубен метар и Луксембург со 74,9 кубни метри годишно по жител. По нив е Норвешка со 70,8 кубни метри, Франција со 51, Австрија со 48,5 и Германија со 43,9 кубни метри по глава на жител.
Најмалку вода по глава на жител во ЕУ, според Еуростат, трошат жителите на Романија со 25,1 кубни метри вода по глава на жител, Чешка 30,6 кубни метри, Унгарија 34, Бугарија 35,9 и Словенија 38,1 кубни метри вода годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.