Општинската организација на Црвен крст – Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и оваа година по 17-ти пат ја реализираaт традиционалната крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица.
Акцијата се одржува денес, од 9 до 17 часот во Домот на АРМ.
Инаку оваа крводарителска акција има долга традиција со голем одзив од страна на граѓаните на Скопје.
Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можностите од недостаток на крв и крвни деривати.
На годишно ниво се прибираат од 52.000 до 55.000 единици крв. Во текот на целата година имаме доволни количини крв од сите крвни групи. Некогаш се случува да недостига одредена крвна група која е поретка и затоа апелираме до граѓаните да не даваат лични апели, туку сето тоа да оди преку Институтот за трансфузиона медицина. И да недостига крв кај нас можеме за два часа да обезбедиме крв од Битола, Штип, Велес, каде ја има одредената крвна група.“ – велат од Институтот за трансфузиона медицина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.