На една недела од крајот на кампањата, кандидатите за градоначалници на Скопје, ја имаа својата втора дебата, по која скопјани, ако не одлучиле досега, сега треба да одлучат зошто им се потребни промени. Затоа што од една страна видовме желба за работа, концепт и идеи, а од друга страна немоќ кај актуелниот градоначалник Петре Шилегов, стари и неисполнети ветувања за градот Скопје.
Според анкетите, но и според тоа кој ги поддржува најголеми шанси за влез во вториот круг и за победа на изборите имаат независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска и актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов.
Но, што им понудија тие на скопјани на последната вчерашна дебата во „360 степени“, на темите кои беа обработени, а тоа беа аерозагадување и загадување, сообраќај, урбан хаос, анализира „Вечер“.
Иако Скопје е преполно со ѓубре, диви депонии на повеќе места, а воздухот презагаден и Скопје често се наоѓа во најзагадени градови во светот, според Шилегов тоа не постои. Она што тој го тврдеше во дебатата е дека нема диви депонии и нема загаден воздух.
За разлика од него Данела Арсовска, наместо мижење пред проблемот нуди решенија. Така Арсовска со точна бројка на денови односно точно 82 дена за чистење на дивите депонии, додека во насока нана намалување на аерозагадувањето зборува за 250 еколошки автобуси, наспроти оние само 35 на Шилегов. Но, пред се поважно, со бесплатен јавен превоз стимулација за граѓаните да намалат користење на автомобили.
Во однос на сообраќајниот хаос, тоа што можеше да се слушне од Шилегов е истото како и на минатите избори, ветувања кои не се остварија, но според него се работи, според него се решава хаосот.
Бидејќи Шилегов не успеа да ги сработи ветувањата, но и да ги заврши проектите кои му ги остави Коце Трајановски, повторно ветува нов брз јавен транспорт, тунели и булевари како „Борис Трајковски“ кој 4 години никако да го сработи. Или како што другите кандидати реплицираа Шилегов нуди „ЌЕ решенија.
И додека Шилегов повторно ветува се што ветуваше пред 4 години и не успеа да сработи, а скопјани се уште трпат, хаос, Арсовска изнесе конкретни и решенија кои Шилегов не знаел ни дека може да се сработат.
Тоа што Арсовска го понуди во дебатата се 5 булевари, со кои ќе се создаде внатрешна обиколница за решавање на хаосот, но и конечно завршување на проектите кои Коце Трајановски му ги остави на Шилегов.
И тука не заврши неподготвеноста на Шилегов, па повторно на повисок излезе неработата и 4 преспани години. Во однос на урбанистичкиот план, Шилегов кој ветуваше решение во овој мандат, се што можеше по 4 години да каже е дека се работи на процедурите, иако и една година да се чека е премногу.
За разлика од Шилегов, од другата страна од Арсовска скопјани може да очекуваат увид, за да не им се случи утре под прозор да им никне зграда.
Што значи дека во целата дебата можевме да видиме стари ветувања и мижење пред проблемите кои во изминативе 4 години не добија решенија, а од друга страна некој кој докажано застапувал 24.000 компании и има желба навистина да ги реши проблемите, а за тоа има конкретен план.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.