Скопјанецот Александар Тодоровски, како општествено одговорен граѓанин донирал 1500 новогодишни пакетчиња во Детска Градинка Гоце Делчев – Илинден и Миладиновци, и во основните училишта ООУ “Гоце Делчев” – Илинден „Ристо Крле“ – Кадино и „Браќа Миладиновци“ – Миладиновци.

„Непроценливо е чувството со овој мал гест да ги направите дечињата среќни, насменани и исполнети во ова време на пандемија со Ковид-19. На вас постарите Ви посакувам добро здравје, благосостојба и мирен духовен живот во празничните денови кои следат, исполнети со љубов и меѓусебна почит“, напиша Тодоровски на социјалните мрежи.

Тој сподели и фотографии на кои се гледаат моменти од подарувањето на пакетчињата, со насмеаните лица на дечињата додека ги примаат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.