Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ уште еднаш ја докажа својата неспособност, улиците низ Центар цел ден се неисчистени и непроодни. Врнежите од снег кои се вообичаени за овој период од годината, го изненадија Богдановиќ. Наместо да ја ангажира целокупната механизација и работна сила што му е на располагање тој ги остави центарци да се снаоѓаат како што знаат и умеат – обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму додаваат:

Тротоарите и уличките што се под надлежност на општината не се исчистени и на тој начин се загрозени пешаците, но и учесниците во сообраќајот. Се со цел јавноста да види со што се соочуваат центарци во прилог ви ги доставуваме слики од улици и паркиралишта што се под надлежност на општината Центар.
Скапо платените паркиралишта во населба Пролет, Трготекстил, ул.Ѓуро Ѓоновиќ не се пипнати со мали прст, а иста е ситуацијата и во другите делови на Центар.
Наместо да ја замајува јавноста со преплатена машина која наводно чистела снег, Богдановиќ да излезе и истата да ја употреби во расчистувањето на истиот веднаш и без одлагање. Исто така наместо да се занимава со гол популизам и колку партиски послушници да вработи во Општината време е да се позанимава со здравјето и безбедноста на граѓаните.
Центарци заслужуваат способен и одговорен градоначалник а, не некој како Богдановиќ кој постојано ги остава на цедило.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.