Општина Центар доставува 100 прочистувачи за воздух за сите занимални во градинките во општината.
Прочистувачите ќе бидат поставени во просториите каде најмладите го поминуваат најголемиот дел од нивниот престој, со што се обезбедува здрав и квалитетен воздух за децата, слободно извршување на нивните секојдневни обврски и нивна помала изложеност на загаден воздух и штетни честички – соопштија од Општина Центар.
Оттаму додаваат дека прочистувачите на воздухот ги редуцираат вирусите и бактериите, спречуваат настанување мувла и влага по ѕидовите и со нивно користење дечињата ќе добијат поквалитетен и поздрав воздух во просториите на детската градинка.
Општина Центар обезбеди прочистувачи за воздух за сите три градинки и осум објекти-клонови, во висина од 1.600.000 денари, преку програмата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање – се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.