Владимир Кочовски, командир на чета во противпожарната единица во Скопје, синоќа го објави следниов статус на Фејсбук:
– Догорчиња и стакленца
– Ако може да престанете со апели за фрлање догорчиња од цигари.
– Ако може да престанете да зборувате дека е можно да се запалило од стакло.
– 90% од пожарите се почнати на терен каде скоро воопшто не се движат луѓе.
– Дури и на непристапни терени.
– Ретки се пожарите кои почнале од автопат.
– А за стакленцата…
Пробајте тоа да го направите на сонце, па после ќе зборуваме за веројатноста тоа стакленце фрлено во густа шума каде сончевите зраци не доаѓаат до тревата, тоа да се случи.
– СИТЕ пожари се подметнати.
– Можеби само мал број се од небрижност (палење стрништа и сл., но тоа лесно се утврдува)
– Пробајте, наместо апели, да пуштите полициски патроли да шпартаат насекаде!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.