Покачување на платите на скопските пожарникари на нивото предвидено со закон и потврдено од суд, бара Синдикатот на пожарникари на Град Скопје.

Со тоа, посочуваат од Синдикатот, Градот ќе заштеди на судски трошоци, а пожарникарите во просек би добивале 25-26 илјади денари, наместо досегашните 20 илјади денари.

Од Синдикатот, исто така, посочуваат дека судот пресудува во нивна полза изјаснувајќи се по тужбите поднесени од секој еден пожарникар-спасител поради исплатена плата за 10 отсто помала од таа што требало да ни се пресметува за периодот (2014-2017).

Со тоа пожарникарите ги добиваат своите пари, но Градот покрај овие пари исплаќа и камати, трошоци за судот и за адвокати, а понекогаш и за извршители. Секако ние остануваме оштетени за некоја сума на пари порди тоа што овие пари не ни се пресметуваат во просекот за пензионирање, нагласуваат од Синдикатот.

Поради фактот следуваат и тужби за периодот (2017-2020) од Синдикатот ги повикуваат институциите на системот да се ангажираат во правец на решавање на овој проблем како од јавните заеднички пари би биле потрошени значително помалку пари него сега.

Од вештачењето на стручните лица во судската постапка се гледа дека наместо сегашните 90-ина милиони денари потрошени за оштета за три години за скопските пожарникари покачувањето на платите онака како што налага судот при што секој од нас во просек наместо сегашните 20.000 ќе добива 25-26.000 денари со што би го достигнале републичкиот просек би го чинело Градот дупло помалку. Напоменуваме дека трошоците се далеку поголеми кога би се пресметало за сите противпожарни единици низ државата, се вели во реакцијата од Синдикатот на пожарникари на Град Скопје.

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје ги повикува институциите да ја работат својата работа, а истовремено домаќински да ги трошат јавните пари и во соработка со синдикатото конечно да го решат ова прашање како не би имало потреба од поинакви форми на протест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.