Силно невреме вечерва попратено со силен ветер вечерва го зафати Скопје, а на социјалните мрежи се појави и фотографија од паднат кров во Карпош 4.

Во неколку скопски општини имаше и откорнати дрвја, бутнати канти за отпадоци и расфрлано ѓубре.

Од Град Скопје повикаа граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања од домовите, да избегнуваат прошетки под дрвореди и да не ги паркираат своите возила под крошните на дрвата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.