Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска денеска во Градскиот парк имаше средба со граѓаните на Скопје кои ја искажаа својата поддршка.
Граѓани од сите скопски населби дојдоа и лично да се запознаат и разговараат со, како што велеа, својот иден градоначалник. При тоа, тие отворено и непосредно дискутираа со Арсовска за програмата и визијата за модерно Скопје.
Ги изнесуваа своите разочарувања од моменталната состојба во градот, од големите недостатоци во функционирањето и управувањето со градските служби, загаденоста и нечистотијата во градот и бараа од Арсовска што побрзо решавање на овие итни проблеми.
Беа присутни и претставници на здруженија и граѓански асоцијации кои бараа исполнување и на специфични потреби за одредени групи граѓани и прилагодување на градската инфраструктура за сечии потреби.
Беа споделувани идеи и разменувани предлози како Скопје да стане европска метропола со можности за достоинствен живот, за развој и просперитет на младите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.