Силен ветар го зафати главниот град. По тивкиот и топол февруарски ден, вечерта донесе силен ветар кој руши низ Скопје. Веќе пристигаат информации за паднати дрвја. Во скопски Карпош е паднато дрво врз автомобил. На социјалните мрежи се појави и предупредување од возачи дека на булеварот „Партизански одреди“ во делот кај Пота Влае има паднат билборд.

Во скопската населба Даме Груев силниот ветер откронал покриви, а кус период во населбата немало струја.

И жителите на Волково се соочиле со непријатности од невремето.

УХМР денеска најави силен ветар кој ќе се засилува за време на вечерта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.