Штотуку се урна дрво на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Карпош. Сувото дрво се открши поклопувајќи ги возилата паркирани на улицата, а тресокот вги вознемири жителите од зградите на оваа улица.
Карпошани се револтирани бидејќи општината, под чијашто одговорност ео ваа улица, не покажала слух за нивните апели да поведе сметка за зеленилото.
Тревата барут сува. Дрвјата исто. Ова падна прво без ветре да дувне, а којзнае уште колку ќе следат ако задува. Се е пепел сторено, цела пролет и цело лето едно црево не пуштија да наводнат. Се јавувавме во општина, но попусто. Знаете кога ќе не обесштетат, никогаш, вели револтиран жител чиешто возило е под дрвото.
Неодамна старо и болно дрво се откорна во градинката „Јасмн“ кај Беко во Центар. За среќа, немаше повредени лица и нее беше направена материјална штета. И тогаш жителите на околните згради, но и вработени во градинката беа револтирани бидејќи пријавувале во општината дека дрвото е опасно, старо и болно, но надлежните го прогласувале за здраво.
Затоа, пак, за стари и болни беа прогласени 13 дрва на улицата „Орце Николов“. Тие паднаа курбан без црвен знак.
Масакр во својата општина паметат и ѓорчепетровци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.