Гужва пред Универзална сала, се бара паркинг, ечат песните на Балашевиќ. Чиниш само што не започнал еден од неговите многуборјни концерт.Скопјани не го заборавија популарниот Џоле во градот во кој беше чест гостин.
Се собраа да му оддаадат почит како што тоа го направија во сите поголеми градови на Балканот.
На видео бим се слушаа неговите песни, се палеа свеќи, се оставаа плишани играчки како што вели во песната „некои нови клинци“.
Со неговата смрт си оди и „циркусот од нашиот град“……и овојпат не се знае кој беше домаќин а кој гостин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.