Се уште нема никаква реакција од МВР во однос на пријавата дека во земјава се случува шверц на млади лавови, за што алармираше портпаролката на скопската Зоолошка градина, Тина Мицковска, пренсесува „Слободен Печат“.
– Во Македонија не е дозволено да се купи лав. Дури и ние како зоолошка градина не можеме да купиме лав, туку правиме размена со други зоолошки градини. Трговијата и нелегален шверц со диви животни во Македонија е забранета со закон. Не само овде, туку низ цела Европа има ригорозни казни и долги години затвор за тој што ќе биде фатен со ваков вид животно. Ги повикувам сите медиуми да испитаат и да објават како успеало малото лавче да влезе во земјава, затоа што се работи за меѓународен скандал. Ова животинче ќе порасне во лав, кој бара специфична нега и услови, кој е забрането со закон да се продава или купува, а уште помалку вака некој да се изживува со него. Сите што се имаа сликано со лавчето, ме блокираа на ФБ кога им пишав, – тврди Мицковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.