Една од мерките за решавање на аерозагадувањето е воведување воведување на електричен транвај на гуми со проектирана вредност од околу 100 милиони евра, најави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратенички прашања.
Намерата на Владата е да повлече кредитна линија во 2020 година, а постапката да ја почне уште сега за да може да се заврши целата тендерска состојба во текот на зимскиот период и за да може градот Скопје да влезе во имплементација и реализација на проектот за електричен трамвај, се надеваме дека тоа може да го направиме од Ван Хол кој ги произведува овде, но секако постапката согласно јавните набавки е јасна, истакна премиерот.
Станува збор за трамвај кој наместо по шини се движи по белите линии на патот, кои контролираат стотина сензори. Трамвајот користи гуми и возењето е како со автобус. Долг е 32 метри и висок 3.4 метри. Може да прими 307 патници и се движи со 70 километри на час.
Литијум-титаниумските батерии овозможуваат возење долго 25 километри по само 10 минути полнење.
Првиот трамвај кој се движи без шини лансиран е во еден град во централнокинеската провинција Хунан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.