Денес како советник на Град Скопје во 13 часот имавме седница на Комисијата за унапредување на правата на пациентите!
На влезот бев замолена да се легетимирам со лична карта, и ми беше пополнета пријавница бр.2 од обезбедувањето, истата предадена, а потоа пополнета од одговорно лице дека причината за која сум влегла во просториите на Градот е Седницата и тоа трета , (со онаа конститутивната од 21.09.2022 год. ) на оваа комисија , со време на влез во 13ч и 1 мин.
Замислете наместо да се промовира Комисијата за унапредување на правата на пациентите, за да знаат граѓаните кои имаат проблем кој е во доменот на оваа комисија, каде да се обратат, БАРАЊЕТО за промоција чека на одобрување во кабинетот на Градоначалничката..како што стојат и други барања, еве на пример Барањето за одобрување на основни проекти за пристапност на инвалидизирани лица, за кое барање, лично јас во 2 наврати по меил сум побарала да добијам одговор, НО ОДГОВОР нема
Ако менаџерот на Град Скопје, кој во својата програма нема ваков проект а сепак сака да не легетимира, а при тоа да не ги троши парите на граѓаните на хартија, тонери, принтери, и се она што го поставува на влезот во просториите на градот, тоа се прави на културен и многу поефтин, едноставен начин: беџови за советници, беџови за посетители…
Па нели ние Скопјани гласавме за Модерно Скопје, за Вашите 5 принципи на работа:
#Отвореност
#Професионалност
#Емпатија
#Одговорност
#Брзирешенија
…ние ништо од тоа досега не видовме, освен лажни обвинувања, политички маркетинг на самата себеси , едно ЌЕ, кое доста долго го слушаме од владеачката гарнитура
Градоначалничке, дозволете барем на веб страницата на Градот Скопје да стои и КОМИСИЈАТА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ која не функционираше од 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.