Предизвикот што го ставивме на маса е голем. Очекувам дека и останатите политички партии ќе го следат примерот на СДСМ, независно каков е нивниот моментален статус, дали се на власт или во опозиција, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
Очекувам дека опозицијата конечно ќе се оддели од криминалното минато, ќе го осуди криминалот што го правеа нејзините луѓе, а не да ги штити, рече Шилегов.
Тој очекува оставки и во ВМРО-ДПМНЕ.
Очекувам наместо да промовираат примитивизам и фашизам во македонската политика да станат една вистинска граѓанска десничарска партија, рече Шилегов.
Прашан која е причината за промената во СДСМ и дали е задоволен од работата на партијата Шилегов подвлече дека проценката била дека треба да се направи рестаритирање на партиските структури што неминово ќе доведе и до рестартирање и на држваните институции.
Додаде дека за една и пол година како градоначалник на Скопје во принцип е задоволен од работата на блиските соработници и оти не функционира на начин да прави произволни и паушални решенија, туку студиозни што ќе остават иднина за градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.