Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов вечерва одржа маалски средби со граѓаните од Општина Сарај. Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов додаде дека во Сарај се инвестира повеќе во споредба со некои минати времиња.

Во одржување и реконструкција на уличната мрежа во населените места Глумово, Кондово, Љубин, Крушопек, Сарај и Рашче заедно со реконструкцијата на автобуски постојки во Свиларе и Рашче преку ЈП Улици и патишта инвестирани се околу 50 милиони денари. Инвестиравме во подобрување на водоводната и канализационата мрежа во висина од 5 милиони денари. Го реконструиравме средното училиште Сарај, а дополнително ја опремивме и новата спортска сала на ова училиште, додава Шилегов.

Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Сарај засадени се повеќе од 200 садници и озеленети се околу 1,300 метри квадратни нови зелени површини, а исчистена е и депонијата кај Рашче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.