Желбите се убава работа, но мора да имате план и начин за да дојдете до тоа, вели градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов во емисијата „24 анализа“, говорејќи за јавниот превоз во градов.

Тој смета дека останатите кандидати за градоначалници за главниот град имаат сериозни непознавања за ингеренциите на градот.

Последната студија за потребите на градот за јавен транспорт е од 1984 година. За да организирате јавен транспорт и превод мора да правите анализа на движењето на патниците преку студија која се прави 2 години, информира Шилегов.

За „Бас рапид транзитот“, градоначалникот вели дека не е утопија, туку чиста реалност.

Европската банка за обнова и развој го одобри кредитот и тоа е најзелениот проект. Тој ќе биде единствен начин, каде што за 3,5 минути ќе имате превозно средство и за 35 минути ќе пристигнете од Ново Лисиче во Ѓорче Петров. Кај алтернативниот превоз, 110 километри имате велосипедски патеки, граѓаните го препознаваат моментот на работа, додаде Шилегов и информира дека со „Бас рапид транзитот“, Скопје ќе ја добие најголемата пешачка зона во Европа, од Собрание до „Палома Бјанка“, бидејќи ќе нема сообраќај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.