За овие четири години Скопје од Шилегов доби само уназадување и полнење на претпријатија со партиски војници. Граѓаните на Скопје многу добро знаат дека додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт се градеше. Значи „Скопје 2014“ се градеше, но се градеа и многу други работи, како што е жичарата, „Борис Трајковски“, Арената „Филип Втори“, булевари, катни гаражи, Градот Скопје, ПУИК, Општина Центар итн – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија со „Скопје 2014“ градот привлече четири пати повеќе туристи, дури Скопје стана прв туристички град во Македонија, поголем дури и од Охрид.

-Граѓаните на Скопје знаат дека Петре Шилегов единствено руши, а ништо не гради. БРТ на Петре Шилегов нема да има ефект од тоа, ќе ги намали автобуските станици, и ќе се уништи зеленилото во најмалку десет километри, што значи дека околу 30-40.000 метри квадратни ќе биде уништено зеленило во Скопје. Единствено решение за решавање на сообраќајот во Скопје се електрични автобуси кои што чинат околу половина милион евра еден.Проектот за БРТ на Шилегов единствено ќе донесе поголем револт кај граѓаните. Локалните избори се ближат, граѓаните на Скопје ќе го казнат Шилегов за неработата, за лагите и лажните ветувања – велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.