Во наредните 18 месеци се очекува да биде готов автомобилскиот висечки мост „Љубљанска“ што ќе ги поврзува улицата „Скупи“ со булеварот „Илинденска“. Мостот вреден шест милиони евра, ќе биде широк 24 метри и четири коловизни ленти, пешачки и велосипедски ленти од двете страни, а ќе значи нова врска и спојување на градот, граѓаните и нивна комуникација.

Како што најавија премиерот Зоран Заев, првиот заменик–премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев кои направија увид во почетокот на изградбата на мостот, се работи за капиален пропект и архитектонско чудо кое има претенција да стане нов симбол на Скопје.

Мостот „Љубљанска“ е прв висечки и ќе биде запамтен како архитектонско чудо. Ќе ја растовари и избалансира сообраќајната фреквенција, ќе овозможи брз пристап од скопската Обиколница до Општина Карпош, поврзување на општините Ѓорче Петров, Бутел, Чаир и Шуто Оризари, ќе значи нова и подобра комуникација не само на Скопје, туку и на граѓаните, истакна премиерот Заев.

Според Шилегов, се очекува мостот да биде во функција кон средината на 2023 година.

За само четири години почнуваме со изградба на вториот мост, кој на секој начин е спојување на градот, луето и нивна комуникација, истакна Шилегов.

Средствата за изградбата се обезбедени преку ТАВ програмата.

На настанот што го организира Град Скопје, присуствуваат и претставници од раководството на компанијата ТАВ, Метин Батак, Неџат Курт и Фатих Кан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.