Во емисијата „Жешко политичко лето“, на Канал 5 телевизија, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја коментираше одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не излезе со свој партиски кандидат за градоначалник.
ВМРО-ДПМНЕ се уште нема, народски кажано, три чисти, да излезе пред скопјани со свој кандидат и се крие позади независен кандидат, госпоѓа Арсовска. Јас не знам, и не верувам, дека поддржувачи мои ќе гласаат за госпоѓата Арсовска. Меѓутоа, убеден сум, токму заради тоа што го направивме во нашиот град во изминативе четири години, дека многу, многу членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за мене за градоначалник, изјави Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.