Градоначалникот на Скопје и кандидат на локалните избори за уште еден мандат денеска одговори на нападите на опозицијата потврдувајќи дека неговата семејна куќа во фаза на, како што кажа, реконструкција, но нападите на ВМРО-ДПМНЕ ги нарече лага додавајќи дека ќе почека да види до каде ќе оди лагата а потоа ќе ги презентира сите документи.

-Јас сум седум години во политиката, се изнаслушав се и сешто за мене и тоа е стимулирана црна кампања од опозицијата. Во однос на ова прашање ќе почекам да видам до каде ќе одат со лажењето на скопската и македонската јавност и ќе направам само еден прес на кој ќе ги извадам сите документи во коишто во целост ќе се види лагата што се креира околу мојата семејна куќа која е предмет на реконструкција, рече Шилегов.

Тој посочи на повеќе реализирани активности во градот изминатите години наведувајќи дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ се само за дефокусирање на јавноста од сработеното.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.