Во случајот „Дрисла“ не постоеше законски основ за позитивно одлучување. Во врска со изјавата на градоначалникот на град Скопје – Петре Шилегов го објавуваме овој Демант со кој сакаме да ја прикажеме вистинската слика во врска со постапката по поднесено барање за промена од страна на Град Скопје и преобразбата на Друштвото со ограничена одговорност Дрисла во Јавно претпријатие, информира Марија Бошковска – Јанковски, директорката на Централен регистар.
Не се јасни причините поради кои Градоначалникот неосновано го критикува Централниот регистар на Република Македонија. Носењето на “храбри” одлуки со кои се кршат законите за што се сноси и кривична одговорност не е одлика на оваа власт, а за истото да не се случува се боревме со години заедно со Градоначалникот Шилегов. Во случајот со Дрисла, Градоначалникот во име на Град Скопје бара од Централниот регистар незаконски да постапува и истовремено се заканува со одговорност. Кривична одговорност е предвидена во Кривичниот законик поради неспроведување и непостапување по правосилна судска пресуда. Меѓутоа за да има одговорност за Директор и сите лица правници-овластени лица за регистрација во Централниот Регистар кои секојдневно носат одлуки, е невозможно, се вели во дематот на Централниот регистар.
Од страна на Централниот регистар беше побарано и стручно мислење од професорот од Правниот факултет, Борче Давитковски кој е експерт во областа Управно право и истото Ви го испраќаме во прилог. Покрај горенаведените укажувања и мислења, Градот Скопје преку адвокатот Сашо Бузлиев поднесе Пријава за упис на промена, од Друштво со ограничена одговорност во Јавно претпријатие врз основ на донесената Одлука и прилог Пресуда во која нема задолжение за Централниот Регистар, односно истата се однесува за поништување на Одлуката за избор на концесионер на Град Скопје.
По истата согласно член 39 од ЗЕШС, Централниот Регистар постапувал и донел Решение со кое барањето за упис се одбива, претходно разменувајќи мислења со сите овластени лица за регистрација кои се стручни, професионални и независни во одлучувањето, а не неспособни како што Градоначалникот изјавува. Во член 4 од Законот за јавните претпријатија постои законски основ да се изврши преобразба на јавно претпријатие во Друштво, но не и обратно како што бара градоначалникот. Ниту пак во Законот за трговски друштва се предвидени законски одредби кои дозволуваат преобразба/трансформација од ДОО во ЈП, додаваат од Централниот регистар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.