Со проектот „Смарт сити“ Скопје станува прв град во државата каде граѓаните директно и сами ќе одлучуваат за тоа каде и како се вложуваат нивните пари. Преку апликацијата „Мое Скопје“ на својот мобилен телефон, скопјани ќе може да гласаат за предлози, да дефинираат приоритети и со тоа самите да ги креираат политиките во градот, најави Петре Шилегов, актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат за втор мандат на Коалицијата предводена од СДСМ.
Со Скопје Смарт сити, Скопје станува град без шалтери. Скопје сите услуги ќе ги дава онлајн и со тоа станува првиот целосно дигитализиран град во регионот. Сите плаќања и сите документи ќе бидат достапни на интернет или на телефонот на граѓаните. Преку овој проект се поставуваат 10.000 нови лед светилки со што Скопје добива совршено осветлени и безбедни улици, вело патеки и тротоари, а заштедува 1,3 милиони евра годишно на електрична енергија – изјави Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.