Актуелниот градоначалник Петре Шилегов со видеопорака се обрати на граѓаните на Скопје, масовно да излезат на гласање во недела, на 17 октомври. Тој во своето обраќање потенцираше дел од своите завршени и идни проекти, со верба дека Скопје, чекор по чекор, ќе продолжи да ја развива својата поинаква приказна што започна пред четири години.

„Почитувани скопјанки и скопјани, зад нас се четири успешни години во кои ги поставивме темелите на ново, модерно Скопје. Јас и мојот тим храбро започнавме проекти кои ги решаваат клучните проблеми во нашиот град за следните 50 години. Сообраќајните решенија кои ги реализираме ќе значат град без метеж, а Скопје ќе ја добие најголемата пешачка зона од сите европски градови. Со ова, Скопје целосно се менува и станува европска метропола со многу јавен простор, зеленило и врвна инфраструктура. За само четири години го намаливме загадувањето двојно, ги исчистивме сите депонии во градот и ги претворивме во паркови. Изградивме 4 нови булевари, реконструиравме 40 улици и градиме два нови мостови. Но, работа има уште многу и сега не смееме запреме“, вели градоначалникот Шилегов во своето обраќање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.