Скопскиот градоначалник Петре Шилегов утринава се прости од својот колега од Загреб, Милан Бандиќ кој синоќа ненадејно починал откако доцна во ноќта му се слошило, по што итно бил хоспитализиран во загребската болница „Свети Дух“.

Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на Милан Бандиќ. Загреб загуби градоначалник, кој легендата за себе ја создаде за време на својот живот. Скопје загуби голем пријател. Јас загубив голем пријател. Почивај во мир Милане !!!“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Со шесте градоначалнички мандата зад себе, Милан Бандиќ заминува како политичар кој цели 20 години беше на челната позиција во Загреб.

 

Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на Милан Бандиќ. Загреб загуби градоначалник, кој легендата…

Posted by Петре Шилегов on Saturday, 27 February 2021

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.