Благодарение на брзата интервенција на скопските пожарникари екипирани со новата 45 метарска повеќенаменска противпожарна скала, пожарот што вечерва избувна во ресторанот Рагуза на покривот во катната гаража „26 Јули” беше изгасен во најбрз можен рок, објави на „Фејсбук“ градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Употребата на специјалната противпожарната скала беше клучно за брзо локализирање и ефикасно гаснење на пожарот на висока локација, а со тоа е спречено и негово проширување низ долните катови од катната гаража и предизвикување огромна материјална штета. Човечкиот живот нема цена и затоа безбедноста на нашите сограѓани ја ставивме на прво место, а перформансите на новата повеќенаменска противпожарна скала значат многу спасени животи и на нашите сограѓани, но и на хероите на градот, припадниците на скопската противпожарна бригада, се пофали тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.