Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска одржа прес-конференција на паркингот пред СЦ „Борис Трајковски“ на која беше презентиран дел од механизацијата што Град Скопје и Јавните претпријатија ја набавиле во изминатиот четиригодишен период. Шилегов истакна дека сите јавни претпријатија заедно – ЈСП Скопје, Водовод и канализација, ЈП Комунална хигиена, ЈП Паркови и зелелнило, ЈП Улици и патишта, Дрисла и Градски парк вкупно имаат набавено над 130 нови возила и целосно нова механизација.
„Претставуваме дел од набавената механизација која ние како Град Скопје и сите јавни претпријатија успеавме да ја набавиме во овој четиригодишен период, со цел да ги подобриме условите во градот , од една страна, а од друга страна да покажеме и докажеме што е всушност нашиот приоритет и што е приоритет во трошењето на градските буџетски пари“ – рече Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.