Петре Шилегов се фали со проектот на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека „Лимак“ е инвестиција донесена пред Шилегов воопшто да стане градоначалник.
Проектот за подземна сообраќајница кај Јужен булевар е проектот кој е врзан со изградбата на станбено деловниот комплекс „Лимак“, инвестиција донесена од ВМРО-ДПМНЕ, изградбата на сообраќајницата е составен дел на договорот и проектот, и во никој случај не може да се поврзе со Шилегов.
Доколку се чекаше на Шилегов да ја направи подземната сообраќајница кај Јужен булевар, тоа ќе завршеше како тунелот под Кале, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Шилегов нема еден единствен свој проект, велат од партијата и додаваат дека тој ќе остане запаметен како најнеуспешен градоначалник на Скопје.
Шилегов е само добар повторувач, откако деновиве ги ископира проектите на Данела и половично презентирани ги кажува како свои сега почна и да презема проекти на ВМРО-ДПМНЕ од пред 6 години.
Добро е што Шилегов ги фали проектите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи така ги потсеќа сите дека во Македонија се што е направено во поновата историја е дело на ВМРО-ДПМНЕ, а по 17-ти октомври тие дела ќе продолжат со новите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.