Скопје 2014“ е проект на централната власт, а не на локалната власт, рече поранешниот градоначаник на Скопје, Коце Трајановски вечерва во емисијата „Само вистина“, на што актуелниот градоначалник Петре Шилегов му возврати „Вие ги дававте дозволите, аманте луѓе“.

Ние дадовме дозвола за да се прават пет споменици и ја преземавме обврската да ги одржуваме. Мислам дека Ќосето не требаше да го дислоцира, тоа е селективен маркетинг. Се направи ветување ќе срушиме, и ете да направат нешто – рече Трајановски

Шилегов возврати – кога ќе ги дадат спомениците на градот, тогаш ќе видат што е уривање.

Околу уривањето, само нека ми ги префрлат спомениците, ќе видите што е уривање. Македонија беше поробена од Груевистичка чизма и насилно и беа поставени споменици – изјави Шилегов.

За фасадите Трајановски рече дека во минатото биле слични како овие што биле, но од 1963-та направен е упад во арихтектурата и се е изменето.

Вие пред суд ставивте егзекутор на организација, Ќосето – револтиран беше Шилегов, на што Трајановски возврати дека Ќосето му бил сопатник на Гоце Делчев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.