Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов денеска на брифинг со новинарите истакна дека начинот на уривање на објектот пред Трговскиот центар Мавровка е многу полегален од начинот на градење.
Сепак, тој појасни дека документите кои вчера инвеститорот заедно со адвокатите ги приложи се однесуваат за легализација на еден дел од старото кафуле Фонтана.
Таму е легализиран објект кој што беше долу во сутеренските простории и само тоа било предмет на легализација. Не може да станува збор, да ги поистоветувате легализацијата од општина Чаир во сутерен со оваа грдосија која што таму никна. Едноставно, да не се правиме на Тошо и да тврдиме дека тоа што било предмет на легализација и за што сопственикот платил надоместок, општина Чаир утврдила дека постојат услови, дека е ова што е предмет на рушење, рече Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.