Врие од незадоволство пред Спортскито центар „Јане Сандански“. Иако вети, градот не им овозможи на верните навивачи на македонскиот и европски првак Вардар да заминат бесплатно до аеродромот и да ги пречекаат европските прваци.

Освен трите автобуси што ги вети Зегин, автобусите што ги вети Шилегов не дојдоа. ЈСП испрати само еден двокатен автобус и едно комбе во кое преку 3000 навивачи се обидуваат да се напикаат.


Навивачите реагораат дека освен што не е обезбеден соодветен превоз и тој што го пуштиле пристигнал доцна, па прашуваат како да стигнат со едно комбе до аеродром.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.