Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов вели дека градската администрација продолжува со активностите за остранување на дивоградбите што се под нејзина надлежност, а се дел од проектот Скопје 2014.
Мојот став е непроменет. Градот упорно ги тера тие работи што ги има. Тоа се три галии и пет споменици, од кои еден е тргнат, а две од галиите се во тек на отстранување. Тоа е она што е наша јурисдикција. Но ги охрабрувам и општина Центар и Министерството за култура како нинституции носители во тој проект да продолжат да ги преземаат оние работи кои согласно закон треба да ги преземет, а тоа е да ги остранат дивоградбите наречени Скопје 2014 – зјави Шилегов одговарајќи на новинарско прашање по денешното отворање на паркингот за велосипеди „Велоштад“ во рамките на Транспортниот центар.
Шилегов вели дека нема компромисен став во однос на објектите од Скопје 2014 и додава дека институцијата со која раководи е единствената институција која досега има отстрането такви обележја.
Скопскиот градоначалник додава дека се уште не се имплементирани препораките што ги дала комисијата формирана од Владата во врска со овој проект, но дека очекува да почне да се работи попосветено на тоа прашање имајќи го предвид и дописот кој Владата го има испратено до Општина Центар за носење на новиот детален урабанистички план за Мал ринг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.