Советот на Скопје денес ќе одлучува за доделување парична помош од по 100.000 денари на семејствата на петнаесетмина загинати во сообраќајната кај Ласкарци. Одлуката е по предлог на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Градот Скопје, како израз на солидарност кон семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово на секое семејство ќе додели парична помош од 100.000 денари – стои во одлуката.

Доколку советниците ја изгласаат одлуката, парите на семејствата ќе им бидат исплатени од Буџетот на Град Скопје, од постојната резерва.

Задолжен за реализација на одлуката е градоначалникот Шилегов.

Сообраќајната несреќа во која загинаа петнаесетмината патници се случи на 13 февруари кога автобус на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.