Кандидатот за нов мандат за градоначалник на Скопје овие избори ќе ги тера од централниот штаб кој го постави веднаш спроти централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и во непосредна близина на централниот штаб на неговата главна кандидатка Данела Арсовска.

Штабот кој има отворање вечерва Шилегов го постави веднаш спроти спомен-куќата на „Мајка Тереза“ во поранешниот угостителски објект „Гнездо“, а Арсовска на стотина метри подолу кон улицата „Даме Груев“.

Очигледно во оваа кампања улицата Македонија во центарот на Скопје ќе биде главното свратилиште на главните кандидати за градоначалничката фотелја во главниот град.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.