Шилегов и СДСМ го оставија ЈП „Паркови и зеленило“ во долгови, со ваква состојба нема доволно пари ниту за плати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

По промената на директорот на Шилегов во ЈП „Паркови и зеленило“ е затекната состојба на сметка од 13.530.519 денари, и доспеани обврски од 35.650.252 денари. Со ова претпријатието е над 20 милиони во минус.

Вака затекнатата состојба со немање на големи побарувања за наплата на ЈП „Паркови и зеленило“ се доведува во прашање неговото нормално работење и навремена исплата на плати. Состојбата во ЈП „Паркови и зеленило“ е одржувана вештачки. Иста таква состојба е затекната и во другите јавни претпријатија. Шилегов и СДСМ оставиле пустош зад себе и празни сметки, со многу долгови, констатира ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.