Шилегов остави долг на градот од 160 милиони евра и мост во Аеродром со 100тина нерешени имотно правни односи, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-160 милиони евра долг се кон веќе склучени договори по јавни набавки, договори во тек на склучување и заеми кои Шилегов ги земал. Расипникот Шилегов аматерски и непрофесионално се однесувал со се. Дури и проектот за мостот во Аеродром со кој се фали е не испланиран. Мост АСНОМ од Аеродром кон Гази Баба, од 100тина има само 18 решени предмети за исплата на земјиште. 12 предмети се уште во постапка без согласност за цена, 25 предмети во подготовка, 11 предмети со повеќегодишни имотно правни спорови меѓу сопствениците, 44 имоти имаат постапки со барања за приватизација,16 имоти имаат утврдено корисничко право. Сите овие постапки ќе траат со години, а средствата на скопјани наместо да се наменат за конкретни проекти во инфраструктура, водовод, канализација, заштита на животна средина треба да бидат заробени затоа што Шилегов и СДСМ почнувале проекти без било каков конкретен план знаејќи дека не може да се реализира уште 10 години, истакнаа од опозициската партија.

На Скопје му требаат реални проекти и многу работи, нешто што со Шилегов го немаше, додаваат од таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.