Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска соопшти дека имале мал застој во доопремувањето на стационарот „Лајка“ поради вонредните состојби и епидемијата.
На крај сме таму, се заврши со целосно опремување, деновиве треба да имаме надворешно уредување на целиот тој локалитет и негово уредување. Очекувам следната недела конечно тој капацитет да го ставиме на располагање на граѓаните на Скопје – рече Шилегов на прес-конференција одговарајќи на прашање во однос на стационарот.
Тој вели дека имајќи ја предвид и програмата што ја имаат очекува за неполна година дека стратешки ќе се реши проблемот со бездомните кучиња во градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.