Актуелниот кандидат на град Скопје, Петре Шилегов, најавува дека повторно ќе биде во трка за позицијата иако остави простор за дискусија за можни други кандидати во неговата партија.

Шилегов, во Студио 10 на ТВ24, изјави дека сака да разговара за градски политики и дека не го интересира кој ќе биде кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Јас најавив моја кандидатура за нов мандат како градоначалник. Во ред е да има и нови кандидати. Ќе оставиме да се заврши внатре во партијата целата постапка. Јас немам намера да се занимавам со ДПМНЕ, имам намера да се занимавам со Скопје и барањата на граѓаните. Сакам да дебатирам за градски политики. Она што мислам дека се случува во нашиот град е посериозен пристап за разлика од минатото. На терен решаваме проблеми што не се решавани 30 години. Тоа што порано само се зборувало, сега се реализира. Така како што ВМРО-ДПМНЕ ги претставуваат работите, лошо ги претставуваат. Легитимно е во олабавено Ковид време да се користи прилика за разговор со граѓаните. Работам за интересите на граѓаните, не ме интересира противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, ако е понудата подобра за Скопје, но кога се работи за таа политичка партија, не верувам – вели Петре Шилегов, градоначалник на Скопје .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.