Ја демантирам објавата на одредени медиуми кои велат и манипулираат дека не сум учествувал, односно дека сум избегал од дебатата што денес се снимаше, а подоцна ќе се емитува на МТВ, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Дебатата беше со почеток во 11 часот и траеше подолго од договореното, повеќе од два часа, каде јас се извинив на присутните бидејќи морав да се вратам на обврските како актуелен градоначалник, за разлика од останатите кандидати коишто ја немаат таа обврска во тек на работното време.
Ниту еднаш до сега, дали тоа било во изминатите четири години или за време на кампањата, не сум одбил да учествувам во ниедна дебата. Дебатите за мене се демократски чин и претставуваат најдобро презентирање на идеите, проектите и визијата за Скопје.
Всушност, факт е дека јас сум единствениот кандидат што одговорил позитивно и што присуствувал на сите покани за дебата во време на кампањата, на кое било место, во кое било време, со сите противкандидати или барем со дел од оние што имаа и собраа храброст да дојдат на пола од одржаните соочувања. Ваквите манипулации од одредени медиуми се јалови и не поминуваат во јавноста бидејќи како што е општо познато и знаеме сите, синоним и основна карактеристика за бегањето од дебати постоеше во едно мрачно режимско време кое веќе е зад нас и никогаш повеќе нема да се повтори, вели Шилегов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.